Дејвид Камерон бара поддршка од Шпанија, Франција и Германија за „пофлексибилна ЕУ“

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска престојува во Мадрид на работна средба со неговиот шпански колега Маријано Рахој.

Од Мадрид, Камерон ќе замине во Париз на работен ручек со францускиот претседател Франсоа Оланд, а подоцна во текот на оваа недела тој ќе отпатува и во Берлин на разговори со германскиот канцелар Ангела Меркел.

Целата на оваа турнеја на британскиот премиер по големите земји-членки на ЕУ е да ги придобие Шпанија, Франција и Германија за намерата на Лондон за „промени во Унијата“.

Според Камерон,на ЕУ и се потребни промени со кои на Велика Британија и на некоја друга-членки ке им се овозможи да не бидат „заробени и обврзани“ на секоја одлука што ќе се донесе во Брисел.

– Верувам дека можеме да имаме флексибилна ЕУ во која  не ќе мораат сите да ги прават истите работи, на ист начин и во исто време, изјави британскиот премиер во Лондон, пред заминување на оваа европска мини турнеја.

Камерон претходно ги предупреди своите европски партнери дека поддршката за ЕУ во Велика Британија е „мошне тенка“, нагласувајќи дека нова спогодба околу Унијата е потребна пред бритаските гласачи (на референдум) да се определат за тоа дали сосема да ги прекинат своите врски со Брисел.

Официјален Мадрид, а посебно Париз и Берлин во неколку наврати досега порачаа дека ЕУ не може да ги прифати идеите и барањата на Велика Британија, иако сите три земји сакаат Британците да останат дел од Унијата, на која и припаѓаат веќе 40 години.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот