На аеромитингот кој треба да се одржи на 22 и 23 јуни на меѓународниот аеродром во Дејтон, беше планирано да биде користен и авион Б- 29 сличен на оној со кој на 6-ти август 1945 година беше нападната Јапонија.
Идејата наиде на бројни критики, а благодарение на кустосот Габриела Пикет ,од Дејтон соберени се 200 потписи за петиција со која се бара да се откаже реконструкцијата на нуклеарниот напад на Хирошима.
Организаторите на аеромитингот соопштија дека со перформансот сакаат да го реконструираат целиот историски настан.
Противниците на идејата, наведоа дека перформансот би можел да се протумачи и како прослава по повод бомбардирањето во кое загинаа стотици илјади лица.
Аеромитингот во Дејтон секоја година во просек го посетуваат околу 70.000 лица.
Елена Георгиевска