„Дејли телеграф“: Иран разработува програма за производство на плутониум

Од:

Иран разработува програма за производство на плутониум како алтернативен начин за развивање капацитети за нуклеарно оружје, пишува весникот „Дејли телеграф“.

Весникот објавува сателитски снимки, на кои се гледа како пареа се издигнува од апарати за ладење на вода во фабрика за производство на тешка вода во Арак, на 240 километри југозападни од Техеран.

– Снимките го нагласуваат напредокот на Иран за изградба на објекти, кои може да учествуваат во производството на плутониум, што потенцијално му дава втора можност за производство на нуклеарно оружје, пишува „Дејли телеграф“.

iran-67Весникот нагласува дека фабриката за тешка вода во Арак е заштитена со голем број противвоздушни ракети и артилериско оружје, што претставува најголем арсенал вклучен во обезбедување на некој објект во Иран.

До фабриката за тешка вода во Арак има нуклеарен реактор, кој ќе биде пуштен во употреба на почетокот на 2014 година. Иран нема технологии за производство на плутониум, но според весникот нив може да ги добие од Северна Кореја.

„Дејли телеграф“ го цитира експертот од Меѓународниот институт за стратешки истражувања и поранешен службеник на Стејт депртмаентот Марк Фицпатрик, според кого Израел може да изврши воздушни напади врз ирански објекти за производство на плутониум.

Според него таквите напади може да доведат до големи компликации, поради ширењето на радиоактивни честички.

– Има мислења дека крајниот можен рок за Израел да преземе воени дејстива е пред реакторот во Арак да биде пуштен во употреба, изјави Фицпатрик за „Дејли телеграф“.

Би можело да ве интересира

Иранците покажaa голема подземна поморска база

Предраг Петровиќ

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Америка би можела да го нападне Иран пред 20 јануари

Арагчи: Никој не би преговарал со Иран да не беа неговите ракети

Шефот на разузнавачка служба е убиен во самоубиствен напад во Иран

Италијанска новинарка уапсена во Иран, се наоѓа во озлогласениот затвор Евин

А1он