Дефект во мрежата е најверојатната причина за големата експлозија која утринава се случила во големиот терминал за природен гас Баумгартен во источна Австрија. Во несреќата едно лице загина, а 18 се повредени.
Експлозијата се случила кај еден од гасоводите поставени околу Баумгартен. Компанијата „Гас конект Австрија“ информираше дека пожарот во Баумгартен е под контрола. Франц Респергер од локалната противпожарна служба изјави дека шест објекти изгореле во пожарот. Над 150 пожарникари биле ангажирани во ставање на стихијата под контрола.
Малото село Баумгартен, со околу 200 жители, кое се наоѓа во непосредна близина на терминалот, било евакуирано од страна на полицијата за да се заштитат жителите.