Децата во Шпанија денеска првпат излегоа надвор после шест недели

Од:

Децата во Шпанија денеска излегоа на улица, првпат откако на 14 март беа воведени строги мерки поради пандемијата на коронавирусот.

Шпанската Влада минатата недела соопшти дека од денеска децата на возраст до 14 години можат еден час дневно да си играат надвор во придружба на возрасно лице.

Не им е дозволено движење подалеку од еден километар од местото на живеење.

„Мило ни е што можеме да излеземе затоа што дома стана досадно, иако имаме плеј стејшн и можеме да разговараме со другарите преку видеоповик. Добро е да се излезе надвор и да се вдише свеж воздух затоа што малку ни се здодеа дома“, изјави за Си-Ен-Ен 14-годишниот Абел Санчес од Мадрид.

Други деца искрено признаа дека не верувале оти ќе им недостасува училиштето, а локалните медиуми јавуваат дека „овој мал дел на нормалност, донел смеа и радост на улиците на шпанските градови“

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени