Петмина тинејџери беа уапсени денеска поради сомневање дека упаднале во автобус полн до деца од еврејски училишта во Сиднеј и ги малтретирале.
Полицијата соопшти дека група деца на возраст од 5 до 12 години патувале со приватен автобус синоќа, по што во возилото упаднале осуммина тинејџери.
Тие извикувале Хајл Хитлер, убиј ги Евреите, и Ослободи ја Палестина. Ниту едно од децата не е повредено. Локални медиумми јавуваат дека во школските автобуси ќе има и чувари.