Вкупно 9,8 милиони Французи, односно 48 отсто од лицата кои синоќа гледале телевизија во Франција, ја следеле дебатата на телевизискиот канал ТФ1/ЛЦИ меѓу петте кандидати за француски претседател, јави дописникот на МИА од Париз.
Во еден момент пред телевизорите се нашле дури 11,5 милиони телевизиски гледачи, рекорд кој е далку поголем од вообичаената гледаност на телевизискиот канал ТФ1 во понеделник навечер, кога вообичаено има околу 4,4 милиони гледачи.
Рекордот на гледаноста, според инсититуте специјализирани за испитување на јавното мислење, го одразува интересот на Французите за политиката и политичката понуда на претседатслките кандидати.