Де Мезиер: Напаѓачот од Минхен најверојатно жртвите ги намамил преку Фејсбук

Од:

Младиот Иранец, кој синоќа изврши повеќекратно убиство во Минхен, најверојатно своите жртви ги намамил преку хакиран профил на Фејсбук, поканувајќи ги да го посетатат ресторанот на Мекдоналдс со ветување дека ќе добијат намалени цени, информира германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер, цитиран од француските медиуми.

Министерот подвлече дека 18-годишниот напаѓач, Давид Али Сонболи, веројатно во минатото бил жртва на малтретирање од свои врсници.

-Пред нападот веројатно хакирал профил на Фејсбук, изјави Де Мезиер на прес конференција во Берлин. Од хакираниот профил тој ги канел жртвите да ги искористат „специјалните понуди или намалувања“ на ресторанот за брза храна во трговскиот центар, каде синоќа се случи крвавиот масакр.

„Има податоци кои наведуваат на помислата дека профилот бил хакиран од убиецот“, додаде министерот.

Поканата била за средба во ресторанот на Мекдоналдс, во петок, во 16 часот по локално време.

Давид Али Сонболи синоќа уби девет лица, пред самиот да си го одземе животот. Повеќето убиени се тинејџери или млади луѓе – тројца на 14 години, двајца на 15 години, а останатите имаат 17, 19, 20 и 45 години. Меѓу загинатите има седум странски државјани – тројца косовски Албанци, тројца Турци и еден Грк, сооштија денеска властите, пренесоа француските медиуми.

Напаѓачот бил од муслиманско семејство. Неговите родители во Минхен  пристигнале  како бегалци во текот на 90-те години, а тој се родил во Германија, информира Де Мезиер, цитиран од ТАСС.

-Многу податоци покажуваат дека тој е шиит, а не сунит. Од друга страна неговото име – Давид не ја поткрепува оваа верзија. Во моментов се проверува дали е можно тој да го примил христијанството, рече министерот.

Претходно беше кажано дека 18-годишниот Германец со иранско потекло веројатно бил психички лабилен и не можел да воспостави комуникација со своите врсници, забележа ТАСС.
Во германските специјални служби немало информации за напаѓачот од Минхен, изјави Де Мезиер и ја потврди претходно соопштената информација дека не е откриена врска меѓу убиецот и меѓународниот тероризам.

Би можело да ве интересира

Замрзнат дожд падна во Минхен, замрзнати писти на аеродромот, сите летови одложени

(ВИДЕО) Хаос во Минхен: 30.000 куфери расфрлани низ аеродромот

А1он

Климатски активисти ги блокираа аеродромите во Минхен и во Берлин

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Гостите на Октоберфест во Минхен скокаа од радост кога ја слушнаа „Каљинка“

Горан Наумовски

Германија и Израел денеска ќе одбележат половина век од нападот на ЛОИ во Минхен

А1он

Германската Влада ќе им плати отштета на семејствата на жртвите од масакрот во Минхен 1972