Давутоглу: Сирија води брутална војна против сопствениот народ

Од:

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу ја обвини Сирија дека води „брутална војна“ против сопствениот народ и повика за време на состанокот на Советот на ОН за човекови права во Женева виновниците да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Велика Британија и Швајцарија го повикаа Советот за безбедност на ОН да ги предаде случаите на воени злосторства во Сирија на Меѓународниот кривичен суд.

– Сирискиот режим го загуби својот легитимитет. Тој веќе не управува. Тој преживува со репресии, терор и крвопролевање, изјави Давутоглу.

Денес режимот води брутална војна против сирискиот народ со голем број бомбардирања и напади со ракети „Скад“ во урбаните области, истакна тој.

Давутоглу нагласи дека измачувањето на затвореници во Сирија е систематско.

Според податоците на ОН во Сирија досега се убиени над 70.000 лица. Над 900.000 сириски бегалци се во соседните земји, од кои околу 185.000 се сместени во 17 бегалски кампови со Турција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години