Дански судија без работа поради обвинувања против Хашкиот трибунал

Од:

Данскиот судија Фредрик Хархоф во Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија остана без работа во Хаг откако изнесе обвинувања против Трибуналот.

– Обвинувањата на Хархоф се дека Хашкиот трибунал врз политички основи донел ослободителни пресуди за повеќемина политички лидери обвинети за воени злосторства во војните во 1990-те години на Балканот, пишува шведскиот весник „Гетеборг-постен“.

Ослободителните пресуди, според судијата Хархоф, покажуваат дека Хашкиот трибунал ја сменил праксата.

Порано биле осудувани обвинети за кои било покажано дека ги поддржувале етничките чистења, а сега се бара судот во Хаг да докаже дека тие издале наредба за секое помало дело.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари