Данска пратеничка ги повика Данците да посатуваат дански проститутки

Од:

Данска пратеничка од антиимиграциска партија ги повика мажите од државата да претпочитаат услуги од дански проститутки за да придонесат за борбата против трговијата со луѓе.

– Мислам дека треба да се обидеме да ставиме крај на трговијата со луѓе и тоа значи дека подобро нашите мажи да не посетуваат странски проститутки, нагласи Пија Аделстен од Данската народна партија.

Изјавата ја даде по анкета во која се вели дека секој седми Данец смета дека е прифатливо да се користат услуги на проститутка која била жртва на трговија со луѓе. Данската пратеничка нагласи дека нема ништо против мажите и жените кои плаќаат за сексуални услуги.

Данска е единствената скандинавска држава каде е легализирана проституцијата. Според податоци од социјалните служби, од 2010 година, половината од проститутките во Данска се од странство – 900 од Тајланд, 1000 од Централна и Источна Европа, 300 од Африка.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари