Данска и испраќа на Украина дополнителни 308 милиони долари воена помош

Од:

Оваа година Данска ќе ја зголеми воената поддршка за Украина за околу 308 милиони евра, соопшти денеска данското Министерство за одбрана.

Донацијата е дел од сумата од околу 725 милиони евра, кои Копенхаген му ги испратил на Киев во форма на воена помош од почетокот на војната во Украина во 2022 година, објави Ројтерс.

Данскиот парламент, исто така, одлучи да одвои дополнителни 3,1 милијарди евра за тој фонд во периодот меѓу 2025 и 2027 година.

Оваа членка на НАТО ќе обезбеди средства за донации за Украина преку најавеното зголемување на инвестициите во одбраната до два отсто од БДП.

Би можело да ве интересира

Смирнов ја повика Русија да отвори истрага против Зеленски за тероризам

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Литванија е сомнителна кон Украинците мобилизирани од странство: Тие ќе се предадат или ќе дезертираат

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa