Данецот кој синоќа беше уапсен за нападот со лак и стрела во супермаркет во норвешкиот град Конгсберг, во кој уби пет лица, а двајца тешко повреди, денеска е предаден на здравствените служби.
– Тој беше предаден на здравствените служби по проценка на неговата здравствена состојба, изјави обвинителката Ана Ајрин Свејн Матијасен.
Според неа, се појавиле сомнежи за менталното здравје на човекот, идентификуван како Еспен Андерсен Братхен, дански државјанини, како и за тоа дали може законски да биде одговорен за нападот.
Тој призна дека ги извршил убиствата.
Откако полицијата вечерта добила пријава за нападот осомничениот го привела за точно 34 минути.
Судијата треба да одлучи дали ќе го задржи Братхен во притвор. Обвинителството побара тој да биде во притвор четири недели, а првите две да биде изолиран.
– Ако судијата го уважи барањето на Обвинителството, тој нема да биде испратен во затвор, туку ќе биде задржан на медицинска нега, рече обвинителката.
Иако полицијата соопшти дека нападот најверојатно е терористички акт, властите не ја исклучуваат можноста за проблеми со менталното здравје.