„Данас“: Косовски лобист стои зад нападот на египетската војска

Од:

Човекот кој стои зад нападот на египетската војска пред елитната зграда на Републиканската гарда, во која е притворен соборениот претседател Мохамед Морси, е Сафет Хегази, исламски проповедник и еден од најважните косовски лобисти во Египет, пишува весникот „Данас“.

Преку Хегази косовските Албанци многу силно лобирале за признавањето на Косово во исламистичките кругови. Тој ги примал сите делегации на косовските Албанци кои го посетиле Египет, вклучувајќи го министерот за надворешни работи Енвер Хоџај, наведува белградскиот весник.

Хегази, кој е познат како радикален исламист и голем приврзаник на Морси, престојувал на Косово во октомври 2011, заедно со претставници на египетските партии, граѓанското општество и медиумите.

Членови на египетската делегација тогаш ја изразиле желбата на политичките сили во Каиро што побрзо да се признае независноста на Косово. Меѓутоа, тоа е сторено дури на 26 јуни годинава.

Со оглед на фактот дека главните египетски иницијатори на признавањето на Косово биле собрани околу Морси и голем дел од нив сега се во притвор, или „кандидати за притвор“, како Хегази, извори за „Данас“ сметаат дека Приштина сега многу потешко ќе комуницира со новите власти во Каиро, имајќи го предвид нивното досегашно отворено и исклучиво потпирање врз исламистите.

Признавањето на Косово, додава „Данас“, беше една од последните одлуки на Морси пред да е соборен од власт.

Хегази, е самонаречен имам и телевизиски проповедник, кому Велика Британија му забрани влез во земјата поради разгорување на омраза и глорифицирање на терористичко насилство.

Би можело да ве интересира

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина