Дамаск се согласи да создаде тампон-зона на границата со Турција

Од:

Сириската Влада беше принудена да отстапи пред турскиот ултиматум и да ги прифати условите за создавање на 10-километарска тампон-зона крај границата меѓу двете земји, пишува турскиот весник „Заман“. Весникот наведува дека претседателот на Сирија Башар ал Асад им наредил на авионите на сириските воeно-воздухопловни сили да не се приближуваат до турска граница на помалку од 10 километри.

На артилеријата и тенковите на сириските копнени сили им е наредено да не го насочуваат своето оружје кон турска граница. Формирањето на демилитаризирана зона е барање, кое претходно го изнесе сириската опозиција, бидејќи тоа би ѝ овозможило да создаде стабилна база во регионите, кои нема да бидат достапни за сириските вооружени сили.

Би можело да ве интересира

Автобуска несреќа во Турција, повредени се повеќе од 30 луѓе

Сирија: Експлодира автомобил-бомба, најмалку 19 загинати

Aл Шара: Ни требаат четири до пет години да се подготвиме за избори

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Се урна зграда во Турција, има луѓе заробени во урнатините

А1он