Дали Сиднеј може да биде одговор за олимписката „зика“ криза?

Од:

Сидни морнинг хералд – Сиднеј

Проблемот со вирусот „зика“ во Бразил за несреќа не е решен. Епидемијата која започна на североистокот од земјата дојде во Рио де Жанеиро, каде и се „разгоре“. Клинички студии кои се почесто се прават исто наведуваат дека инфекциите со „зика“ се поврзани не само со педијатриската микроцефалија и оштетувања на мозокот кај бебињата, туку и со заболувања кај возрасни, како што се Жилејн-Бареовиот синдром и акутниот дисемениран енцефаломиелитис, кои предизвикуваат дебилизам, а понетогаш се и фатални.

Накратко, инфекцијата со „зика“ е поопасна, а епидемијата низ е Бразил е се пораширена, отколку што научниците признаваа до пред извесно време. Што не води до страшната вистина: Олимписките игри 2016 и Параолимписките игри морат да бидат одложени, или преместени на друго место, или пак и двете, како превентивна мерка. Рио де Жанеиро е позафатен со „зика“ отколку што се очекуваше, со што се елиминираа претходните претпоставки дека овој град е безбедно место. Во јануари, Меѓународниот олимписки комитет објави дека Рио е „безбедна средина“ за Игрите. Сега кога имаме се повеќе податоци за состојбата, ситуацијата и не изгледа толку безбедна: бројот на осомничените случаи со „зика“ во Рио де Жанеиро се втори по големина во државата Бразил (32,000 слуачи), а стапката на инциденци од „зика“ е четврта во земјата (195 сучаи на 100,000 жители). Со други зборови, Рио не се наоѓа на маргините на епидемијата, туку е во самото нејзино срце.
И кога бразилскиот „зика“ неконтролирано ќе се шири низ светот – ако му биде дадено доволно време, вирусите секогаш ќе го искористат тоа дури и без помош од човекот. Посебно нема да може да се спречи ширењето, кога 500.000 посетители, за кои се претпоставува дека ќе долетаат во Рио за игрите, потенцијално ќе се заразат, и ќе се вратат дома, а локалните комарци Аедас и пренесувањето преку сексуални односи ќе лансираат нова епидемија.

Потребен е само еден заразен патник: всушност, анализите покажуваат дека катаклизмичката епидемија од Бразил започнала од индивидуален случај некаде помеѓу мај и декември 2013 година. Неколку вирусни одомаќувања од таков вид, во само неколку земји, или можеби континенти, ќе доведат до целосна здравствена катастрофа. Научниците може да не се согласуваат колку ваквата несекојдневна миграција од 500,000 странци, од речиси секоја држава во светот, ќе го забрзаат глобалното ширење на вирусот и уште повеќе ќе ја влошат пандемијата – но никој со сигурност не може да тврди дека дека ќе ја успори или дека нештата ќе се подобрат.

Кога (а не ако) го забрзаат ширењето на „зика“, уште потешко ќе биде да продолжи веќе итно започната работа во потрага по нови технологии за негово спречување. Основните истражувања за 2зика“ веќе се ставени во „брза лента“, и со текот на времето шансите се оценуваат како одлични за научниците да развијат, тестираат и потврдат ефиканса вакцина против „зика“, потоа антивирусен лек, инсектицид, или генетски модифициран комарец. Но со побрзото и пораспространето ширење на вирусот, Игрите го одземаат она највредното – времето – кое им е потребно на научниците и на здравствените работници за да ја создадат потребната одбрана.

Со продолжувањето со Игрите се прекршува она за што се залагаат Олимписките игри. Меѓународниот олимписки комитет (МОК) напиша дека „Олимпизмот се залага за создаде… социјална огроворност и почит за основните универзални етички прннципи“. Но колку е социјално одговорно и етично проширувањето на болеста? Спортските фанови кои се доволно богати да одат на игрите во Рио, самите одбираат за бидат заразени со „зика“, но ако некои од нив се вратат дома заразени, и нивите сограќани ќе го понесат ризикот – што значи дека врвот е за елитите, а дното за народните маси. Овој проблем со еднаквоста се додава на смисолата и во посиромашните и победни држави, како Нигерија, Индија или Индонезија, кои немаат такви ресусри да се борат против „зика“ како што ги има Бразил – и кои досега веќе се потврдуваат како недоволни.

Заради изборот помеѓу забрзувањето на опасната нова болест или не – со оглед на неостварливоста игрите да го успорат „зика“ – одговорот не треба да биде дилема ниту за организаторите на Игрите. Ако ја оставиме сентименталноста на страна, јасно е дека игрите во Рио не смеат да се одржат.

Постојат и слични оримери за ваква флексибилност. Набрзина, ФИФА го смени датумот за Светскиот фудбалски куп за жени во Кина во 2003 година, заради епидемијата на „сарс“, а Африканскиот куп на нациите беше одложен минатата година заради епидемијата на „ебола“. Неодамна, Американската бејзбол лига ги презакажа и помести игрите во Порторико заради „зика“. Лондон, Пекинг, Атина и Сиднеј сеуште имаат употреблива олимписка инфраструктура која може да се искористи наместо Рио.
Откако МОК во 2014 одлучи Олимпијадите да можат да бидат одржани и во друга земја, и спортските мнастани можат да бидат споделени меѓу две (или повеќе земји), со што негативноста заради „зика“ може да стане позитивна: први трансконтинентални, вистински глобални Олимписки игри.

Која било од овие алтернативи ќе чинат огромни пари, се разбира. Но освен кај оние земји и слабо планирани финансиски влогови во Игрите, тие ќе добијат осигурување од октажувања, преку правни клаузули за излез заради виша сила, и стратегија за откажување. Ништо слично не може да се каже за населението во светот чие здравје е во прашање. Барем накратко, жртвите од финансии ќе можат да ги покријат загубите или дури и да банкротираат и повторно да се врата на здрави нозе, додека за жртвите на глобалното здравје не постои такво нешто како „банкротирање“ заради вурис или пандемија.

За жал, наместо да се дискутрира за алтернативи, МОК и Светската здравствена организација (СЗО) изгледа дека се во длабока спорност.

СЗО издаде само соопштение откако 150 здравствени експерти притиснаа за тоа, во кое бизарно се тврди дека „не постои здравствено оправдување за одложување… на Игрите“. По ова следуваше: „СЗО може да наведе различни научни докази за да не се согласи (а не го стори тоа) или може да каже дека антиципираната штета по јавното здравје, како што се многубројни инфекции или деца со оштетен мозок не се доволни за да се расипе добрата забава (и пак не го сторија тоа), туку категорично да каже дека „не постои оправданост“ за спречување на Олимписките игри заради прични поврзани со јавното здравје, е чиста игнорантност.

Ништо од наведеното не значи дека се оспорува дека Игрите се најомилениот спортски настан на светот. Но каде е тука љубовта за можните жртви од очигледната глобална катастрофа: трајно онеспособените или починати возрасни, и бебињата за кои – и запомнете ги внимателно овие морничави клинички зборови – моментот на пореметување на мозокот кај фетусот е толку страшен колку што звучи, и ја уништува надежта за нормален живот уште пред и да почне? Просто кажано, со таквите исходи, овие Игри воопшто и не се игри.

Амир Атаран е професор по право на факултетите за право и медицина на Унивезритетот во Отава, Канада.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?