Дали Индиецот Нарендра Моди ќе биде реформатор?

Од:

Новиот индиски премиер Нарандра Моди е споредуван со Денг Ксиаопинг, Маргарет Тачер, Роналд Реган, Шинзо Абе, Таип Ердоган и Махиндра Раџапакса.

Коментаторите на различен начин го опишуваат како наметлив, динамичен, авторитарен и националист.

Мнозина веруваат дека тој е вистински економски реформатор. Други пак се загрижени заради неговата и на неговата БЏП партија тврда хинду линија, и се прашуваат дали е тоа закана на идејата за плуралистичка Индија.

На последните избори, Моди настапи со кампања со неговите успеси во државата Гуџарат, една од најбрзорастечките и бизнис настроени држави, и со неговата репутација како цврст администратор и тврдокорен хинду националист. За возврат, гласачите го наградија него и неговата партија БЏП со огромна и неочекувана поддршка.

„Агент на промени“

Поддржувачите на Моди веруваат дека тој е вистинскиот човек кој ќе ја извлече Индија од закоченоста со низок економски раст, со висока инфлација, безработица и со несмасно владеење. Еден коментатор рече дека Моди ја „инаугурирал втората република во Индија“ како негов успех во владеењето, и со тоа станал „агент за економски промени, а не економски трошаџија“.

Моди наследи забавена економија. Растот опаднал на под пет проценти. Трговската инфлација, движена од цените на храната, продолжува да биде висока со над осум проценти. Производството е многу малку субвенционирано, а извозите се еднакви со увозот. Изворите за нови работни места пресушија во земјата која има потреба од нови 12 милиони аботни места годишно, за да го задржи чекорот со своето огромно население.

Сепак, на другите фронтови нештата изгледа се поправаат.

Рупиито се задржа на 58 за еден долар, што е највисоко во изминатава скоро цела година. Приливите од увозоот на злато и скромно зголемените приходи од извозот помогнаа да се ублажи сегашниот пресметковен дефицит – кој се намалил на 2,3 проценти за оваа фискална година, од претходните највисоки 4,9 проценти. Резервите во размената со странство – кои изнесуваат над 300 милијарди долари – се прилично здрави.

Но ваквите подобрувања кријат длабоки структурни недостатоци.

Аналитичарите велат дека на Индија треба итно да изгради повеќе патишта и пристаништа, да ги скрати непотребните субвенции, да ги реформира старите закони за труд и да ги расчисти задолжените банки. Заради стариот државен закон за аквизиција на земјиштето, на индустријата и е тешко да купува земја, па владата мора да се ослободи од огромните територии неискористено земјиште кое е заглавено кај државните претпријатија во корист на индустријата. Треба да се укинат ограничувањата и регулативите кои ги преплашуваат инвеститорите: Индија се рангира на мизерното 134-то место од 185 држави, според листата за Олеснувањата за водење бизнис на Светска банка.

Манифестот на БЏП на 42 страни е полн со успешните дела на Моди. Преполн е со ветувања кои се оддек на опсесијата на Моди со изградба на инфраструктурата: брзи возови, умни градови, поврзани реки, повеќе инженерски и медицински училишта, ефтини домови, чистење на валканите реки.

Уште попривлечни ветувања кои ја отсликуваат подршката за избирачката тврда хунду линија од страна на Моди и неговата БЏП партија – да изградат храм на спорната локација во Ајодја, и да го укинат посебниот закон заради постоењето на разни религии, и подршка на општиот граѓански код за сите Индијци – се појавуваат само во неколку редови на 41 страна.

Моди е дефинитивно пробизнис настроен. Но дали е и срчан борец за слободен пазар? Дали ќе биде способен, како што прашува политичкиот аналитичар Ашутош Варшни: „Да го стабилизира економскиот развој како главна приказна за индиските политики, во замена за религијата и кастите?“

На изборите Моди постојано зборуваше за „максимално владеење и минимална влада“, без да даде повеќе детали што сака да каже со тоа. Да бидеме сигурни, тоа е полесно да се каже отколку да се направи: за да се намали учеството на владата и таа да стане поекономична, тоа ќе бара големи институционални реформи во огромната и закоравена индиска бирокртаија, која е опишана како „најлоша во Азија“.

Она што може Моди – и најверојатно ќе го стори тоа – и кое го предлагаат неговите соработници, е да се соберат „плодовите кои висат ниско“ и да ги зголеми инвестициите.

Тие велат дека едно од најважните работи во неговата агенда е повторно да се оживеат околу 250 закочени инфраструктурни проекти – најмногу кај јагленот, челикот, струјата, нафтата и патиштата – со вбризгување на мамутски инвестици од 217 милијарди долари.

– Главниот предизвик пред новата влада ќе биде одот кон поправање на довербата во индиската економија, за време на изборната кампања ми рече Арун Џаитли, лидер на БЏП кој е близок до Моди. „Плодовите кои висат ниско“ кој тој го спомна вклучува забрзување во развојот на инфраструктурата, на недвижностите, во турзимот, обученоста на работнатат сила и во ефтиното производство.

Федерални принуди

Економистот Вивек Дееџиа верува дека извесни административни реформи, заедно со „неколку од медиумите забележани инфраструктурни проекти, треба да им дадат сигнал за корпоративните градежни компании и инвеститори – и домашни и странски – дека Индија е повторно отворена за бизнис“.

Дееџиа ми рече дека споредбата на Моди со Маргарет Тачер е на пример, малку претерана. „Сепак, секогаш е можно цврстината на мандатот и присуството советници кои се повеќе ориентирани кон пазарот и блиски до Моди, да го натежнат балансот кон една агенда за посилни економски реформи, наместо идеолошки `неутралнот` став за добро владеење“.

Политичкиот коментатор Ашок Малик, кој често пишувал за Моди вели дека тој ќе биде „максимално десничар колку што е можно повеќе и како мејнстрим избран политички лидер“. Тој вели дека тоа значи дека Моди ќе стреми да ја претвори комплицираната индијска држава во „потранспарентна и ефикасна“, и дека тој ќе биде повеќе надгледувач отколку спроведувач. Тоа исто така значи дека тој не може масивно да го намали или радикално да го надгради огромнот систем за социјална помош во Индија, кој заради осиромашувањето на многу региони исто е така е сотрен и големата од корупција.

Потоа тука е исто постои и притисокот од индиските федерални политикаи.

Моди ќе треба да се потпре на силна доза на поддршка од двете страни за да ги протурка клучните закони во парламентот, за кои неговата партија обвинуваше дека е закочен во минатото – а на врвот на листата треба да биде изедначувањето на даноците за добра и услуги, кои можат да и донесат на Индија скоро 500 милијарди долари во приходи, закон чие донесување доцни веќе три години.

БЏП е мнозинство во долниот дом во парламентот, но има само 26 проценти седишта во горниот дом, што може да биде тешка околност за протуркување на законите. Многу моќ има и во индиските држави. „Премиерот Моди ќе биде изложен на парадоксална тензија помеѓу неговиот мандат и мисија“, вели економистот Арвинд Субраманум. „Поддршката од избирачите за него е базирана на неговата способност да ја спроведува власта, дури и безмилосно ако е тоа потребно. Неговите успеси во управување со економијата ќе зависат од тоа со што треба да се зафати, и да го направи тоа што е можно најдобро дури и со ограничена моќ“.

Никој точно не знае што мисли Моди за реформите. Она што го знаеме е дека е фасциниран од азиските тигар економии.

– Се обидувам да ги сфатам Сингапур, Малезија, Виетнам, Јужна Кореја – исто и Кина и Јапонија. Мислам дека Кина има најголема сила во производството – затоа и јас ќе треба да ја зацврстам наша моќ во производството“ му рекол на неговиот биографичар Ниланџан Мукопадјај кога бил главен администратот во Гуџарат.

Но кога Енди Марино, друг биографичар на Моди, го прашал што ќе се случи со душата на Индија ако веднаш тргне кон економијата, тој одговорил: „Модернизација без вестернизација. Тоа дефинитивно звучи подобро од вестернизација без модернизација, од што Индија сега страда“. Но што тоа навистина значи? Навистина. Што? Само времето ќе покаже дали Моди ќе реформира или ќе исчезне.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати