Дали Американците залудно потрошија 13 години во Авганистан?

Од:

Пред помалку од 13 години САД започна воена интервенција во Авганистан, која ја одобри меѓународната заедница поради нападите на Њујорк и Вашингтон. Тогаш не почна кризата во таа земја, таа трае долго, дури и пред советската интервенција во 1979 година. САД и силите под закрила на ОН почнаа борба против талибанците и тогаш присутните терористички групи на Ал-Каеда. И имаше значаен успех, но Ал-Каеда од тој удар не зајакна, дел од талибанците почнаа да соработуваат со власта, но проблемите и понатаму беа големи.

А потоа кризата во таа земја ја засени Ирак по американско-британската воена интервенција, па интересот за Авганистан спласна. И се чинеше дека се во Ирак оди некако побрзо, дури и подобро, па Американците во 2011 година ја напуштија таа земја. Сега се покажа дека сето тоа беше само една голема кула од карти која се одржувала финансирана од нафтата и дека била доволна малубројната група од мотивирани и опремени борви, да заземат половина од земјата.

И така Авганистан повторно падна во втор план, а таму течат сериозни процеси. Кон крајот на оваа година земјата треба да ја напуштат американски и меѓународни сили, но и понатаму не е јасно дали ќе останат барем советниците кои би ја продолжиле обуката на авганистанските сили (што е важно за Хрватска бидејќи таму одигра значајна улога), сметајќи дека претседателот Хамид Карзаи одби да го потпише договорот со кој би се регулирало останувањето на странците. Карзаи од позитивец на почетокот, стана корумпиран негативец кој работи на сите начини да се одложи или можеби дури и да не се случи пренос на власта на кој било од двајцата кандидати по изборите за претседател кои се одржаа оваа пролет. Настанатиот вакуум на власта е толкав што сега се огласи и група министри и луѓе кои ги водат безбедносните служби со барање да им се овозможи да основаат преодна влада, а тоа во такви земји мириса на удар.

Состојбата пак се радикализира и во Пакистан и понатаму највлијателна земја во Авганистан чија воена и тајна служба ИСИ води борба против бунтовниците во својата земја, а истовремено ги поттикнуваат талибанците на удари во Авганистан, какк и Ирак, мултиетничките држави Паштуна, Таџици, Хазар и други, а етничките заедници се поделени на моќни племиња, сосема логично се отвара прашањето дали и таму ќе се случи ирачкото сценарио кога ќе си одат странците. А тоа во криза ќе ја вовлече и Иран, бидејќи тоа и е зад грбот, па Индија бидејќи го поддржува Пакистан, Кина поради нејзините муслимани, Русија поради средноазиските муслимански земји.

А талибанците неодамна со 700 борци нападнаа простор во близина на Кабул, па би било добро тоа да се сфати како најсериозно предупредување. Не беше Кери неодамна без потреба повторно во Кабул. По таа насока би можеле и другите.

Јутарњи лист – Загреб

Би можело да ве интересира

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

„Економист“: САД се најголемата сила во светот, но Трамп не може да војува со сите

Четиричлено семејство загина во пожар во станбен комплекс во Канзас Сити

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина