Далај Лама: Сонувам Штабот на НАТО да се пресели во Москва

Од:

Тибетскиот духовен лидер Далај Лама изјави дека сонува за тоа Штабот на НАТО да се префрли од Брисел во Москва, со што, според него, би се придонело за зближување на граѓаните на Русија и САД.

– Знаете, мојот сон е Штабот на НАТО да се префрли во Москва. Во рускиот менталитет НАТО е симбол на непријателска сила. Ако канцеларијата на Алијансата се најде во Москва, од психолошки аспект на сите ќе им биде полесно, бидејќи ќе се содаде чувство дека Русите и Америкаците се заедно, изјави Далај Лама.

Како што јави Спутњук, тој наведува дека паралелно со кризата на хуманитарните вредности, расте и трендот на песимизмот во светот, како последица на зајакнувањето на авторитаризмот, што се заедно води кон појава на нови движења кои се против ваквите тенденции.

– Ги гледам САД и слушам многу критики на сметка на Белата куќа. Многумина што беа за (американскиот претседател) Доналд Трамп, сега се против него. Од друга страна, гледајќи ја Русија, гледам дека многумина се за борба против корупцијата. наведува Далај Лама.

Тој додава дека верува оти ќе дојде до промени во Русија, иако тоа можеби нема да се случи толку брзо како што некои сакаат.

– Верувам во големата иднина на Русија. Земјата може да стане вистински мост меѓу Истокот и Западот, додава тибетскиот духовен лидер.

Осврнувајќи се на Европската унија и на процесот на Брегзит, Далај Лама нагласува дека и покрај одлуката на Велика Британија да ја напушти Унијата, тоа не им се допаѓа на многумина Британци, кои и отворено зборуваат за тоа.

Кога станува збор за Кина, според него, иако во земјата е „на сила комунистички систем“, сепак меѓу интелегенцијата се повеќе има луѓе кои размислуваат поинаку.

– Слична е состојбата и кога станува знор за војните и насилството. Мораме сите светски процеси да ги гледаме од аспект на развојот на личностите, односно на нивото на луѓето, а не на политичките лидери, Политичките лидер не се вечни, тие се трудат да контролираат се, но тие не живеат по сто години, заклучи Далај Лама.

Би можело да ве интересира

Претседателката Сиљановска Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новоизбраната заменик-генерална секретарка на НАТО

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте