Да не се појавела една грешка, немало да ја има Нобеловата награда

Од:

Блиц – Белград

„Трговецот со смртта почина‟, објави еден француски весник во април 1888 година, „испраќајќи“ го шведскиот пронаоѓач и производител на оружје, кој „се збогати пронаоѓајќи начини како голем број луѓе да се убијат побрзо од кога било‟.

Многу груби зборови за некролог, посебно ако се има предвид дека субјектот бил се уште жив.

По оваа вест, која длабоко го погодила пронаоѓачот на динамитот, Алфред Нобел се заколнал дека ќе направи се неговото име за секогаш да биде поврзано со откритија на човештвото, а не со потенцијал за уништување.

– Нобел бил преполн со идеи, неуморен пронаоѓач, пишува Џеј Нордлингер во книгата „Мир, вели Историјата на Нобеловата награда‟. Тоа не било случајно, бидејќи татко му бил инжинер и пронаоѓач специјализиран за разурнување чии подводни мини Русите ги користеле да ја спречат моќната британска Кралска морнарица да го окупира Санкт Петербург во текот Кримската војна во 50-те години на 19-от век.

Роден во 1833 година во Стокхолмм, младиот Алфред никогаш не стекнал диплома, ниту пак студирал, но освен што ги впивал „експлозивните‟ знаења на татко му, патувал по светот, научил неколку јазици и се школувал во Париз, кај хемичар на светски глас. На 24-годишна возратс го објавил својот прв патент, а до крајот на животот му биле одобрени над 350 патенти.

Најголем успех остварил кога успешно ја искористил разорната моќ на нитроглицеринот, меѓу другото и да произведе динамит. Неговиот познат изум овозможил правење на канали, тунели и други инфраструктурни проекти.

Нордлингер наведува дека Нобел бил и „генијален бизнисмен‟ и претприемач, кој не само што открил производи кои ги продавал, туку исто така раководел со нивното производство и маркетинг. Бил и плодоносен писател и вечен ерген.

– Единствена желба ми е да се посветам на својата наука, напишал во 1884 година. – Сите жени, млади и стари, ги доживувам како лица кои ми пречат и ми го крадат времето, додал тој.

Неговата посветеност на работата се исплатела. На крај контролирал околу 90 лаборатории и фабрики во над 20 држави во светот и најголем дел од времето го минувал патувајќи од една до друга.

Поради тоа францускиот писател Виктор Иго го нарекол „најбогат европски багабонт“. Меѓутоа, вработените го обожувале својот шеф, кој на работниците во фабриките им обезбедил бесплатно лекувење и здравствена нега.

Освен што бил многу дарежлив, Нобел бил познат и по тоа што никогаш не бил задоволен. Во една прилика рекол: „Имам две предности во однос на конкурентите: стекнувањето на пари и пофалбите ме оставаат целосно ладен‟.

Нобел станал „опседнат со постхумната репутација‟

Меѓутоа, не бил воопшто ладнокрвен кога го прогласиле за мртов и за „трговец со смрт“. Новинарите погрешиле, бидејќи всушност починал неговиот постар брат Лудвиг, кој умрел од туберкулоза во 1888 година. Меѓутоа, таа непријатна грешка му пружила на Нобел можност да го прочита својот некролог.

– Беше длабоко погоден и никогаш не можеше да заборави на тоа, вели Кени Фант во книгата „Алфред Нобел: Биографија‟.

Станал толку „опседнат со својата постхумна репутација‟ и не се смирил се додека не „создал нешто поради што „ниту еден иден автор на некролог нема да може да го обвини и клевети‟.

На 27 ноември во 1895 година пронаоѓачот седнал на маса со машина за пишување во шведско-норвешки клуб во Париз и без помош на адвокат, составил документ на четири страни, кој ќе стане еден од најзначајните тестаменти.

Во него се вели дека 31 милиони шведски круни (денес околу 250 милиони долари), најголем дел од неговиот имот, им ги остава на науката. Сакал парите да се инвестираат, а приходите од вложените средства да се користат како подароци „во форма на награди на оние кои во изминатите години дале најголем придонес за човештвото‟.

Четворица членови на клубот ги замолил да бидат сведоци на потпишувањето на документот, кој денес се чува во сеф во Фондацијата „Нобел‟ во Стокхолм.

Кога по една година навистина починал, неговите роднини биле шокирани и разочарани од тестаментот, но и шведското кралско семејство бидејќи не им се допаднало што вредната награда ја направил достапна за сите, а не само за Швеѓани.

Меѓутоа, продуктивниот пронаоѓач, одлучен и иновативен до самиот крај, заминал тивко во согласност со своите желби: името Алфред Нобел денес не се поврзува со смрт и разорување, туку со напредок, мир и најдобрите човекови достигнувања.

Би можело да ве интересира

Белоруски, руски и украински активисти добитници на Нобеловата награда за мир

Ана Ололовска

Утре почнува неделата на соопштување на лауреатите на Нобеловите награди

Ана Ололовска

Европскиот парламент го номинира Зеленски за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Повеќе од 300 кандидатури за Нобеловата награда за мир во услови на војна во Украина

Ана Ололовска

Атенборо, СЗО, НАТО, Навални и Тихановскаја меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир

Ана Ололовска

Доделувањето на Нобеловата награда за мир за 2021 година ќе биде со лично присуство во Осло

Ана Ололовска