„Црвена тревога“ во девет департмани во Франција

Од:

Девет департмани во Франција ќе бидат ставени во црвена тревога од денес напладне поради екстремна топлина, додека 76 департмани остануваат во портокалова тревога.

Во регионот на Париз и неколку департмани во централна и западна Франција, температурите беа помеѓу 22 и 25 степени утрово, додека се очекува температурите да достигнат 41 степен, објави „Ле Фигаро“.

Се вели дека 59 департмани се изложени на „висок или многу висок“ ризик од шумски пожари.

Префектот на департманот Дром во југоисточна Франција нареди понатамошни превентивни евакуации, што ќе влијае на околу 400 луѓе во планинска област каде што се изгорени околу 3.500 хектари.

Метеоролошките служби соопштија дека топлотниот бран ќе достигне врв помеѓу недела и понеделник и ќе трае најмалку до 15 јули.

Океанскиот воздух од Атлантикот треба да го заврши топлотниот бран од 16-ти и 17-ти јули па натаму. Во меѓувреме, нивото на црвена тревога е укинато за регионот Лангедок-Русијон во јужна Франција, бидејќи враќањето на морските ветрови значително ги намали температурите овој петок.

Би можело да ве интересира

Француската крајна десница го менува тонот кон Москва

Макрон: „Франција беше мета на руски хибридни напади“

Татко на ученик осуден на шест месеци затвор: „Ќе ти ја отсечам главата“

(ВИДЕО) Скандал во Франција: Снимени се полицaјци како упатуваат расистички и екстремистички коментари

Горан Наумовски

Десетина полицајци се разболеa од загадена вода во нова полициска станица

Захарова жестоко до Париз: „Баро е лажго“ – ја отфрли тезата дека Русија е слаба