Црвен крст: Хуманитарната помош пристигна во опколниот сириски град Дума, првпат по шест месеци

Од:

Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) денеска соопшти дека во опколениот сириски град Дума пристигнала хуманитарна помош, и тоа првпат по шест месеци, пренесоа американските медиуми.

– Колона возила на ОН со храна, облека и медицински материјали, во текот на ноќта пристигнаа во Дума, соопшти портпаролката на бирото на МКЦК во Дамаск.

Камионите (51) со хуманитарна помош стигнале до градот под контрола на бунтовниците, а опколен од владините сили, во непосредна брлизина на престолнината Дамаск, каде живеат околу 35.000 лица.

Опсадите на градовите се дел од стратегијата на сириската армија во граѓанската војна во земјата, што трае повеќе од шест години. Досега беа склучени многу спогодби со опколените бунтовници, кои се предаваа како дел од договорот, забележаа американските медиуми.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија