Блиц – Белград
Што се случува потоа?
Американскиот претседател со своите воени акции во Сирија и најавите дека против Исламската држава може да употреби нуклеарно оружје, а против Северна Кореја превентивни напади, ги зголеми тензиите во односите со повеќе источни земји. Претседателот на Северна Кореја Ким Џонг Ун за возврат во повеќе наврати предупреди дека е подготвен да употреби нуклеарно оружје ако биде испровоциран од активностите на САД.
Според британскиот весник „Метро”, воените аналитичари сметаат дека војна не е веројатна од повеќе причини. Пред се бидејќи двете страни се свесни дека нејзините последици би биле катастрофални за двете земји. Во тој контекст севернокорејските закани главно се доживуваат како тактика на одвраќање и како пропаганда за потребите на внатрешната политика.
Нема сомневање дека Северна Кореја би ја изгубила војната, иако има речиси пет милиони војници, многу повеќе од јужниот сосед.
Имено, таа сиромашна земја нема ни финансиски ни воени капацитети за некои големи и трајни судири. На тоа во прилог говорат и податоците во однос на нуклеарените сили. Пјонгјанг располага со десет нуклеарни боеви глави, Вашингтон ги има околу 7.000. Тоа не значи дека САД, во случај на нуклеарен судир, не би претрпеле огромни материјални штети и човечки жртви.
Воените експерти сметаат дека токму поради наведените слабости, во случај на ескалација на судирот, Пјонгјанг може да посегне по неконвенционално оружје како што е хемиското, биолошкото и нуклеарното.
Кој прв би нападнал?
Иако многу американски психијатри Трамп го прогласија за нестабилен, сепак многу поверојатно е дека првиот напад би потекнал од страна на Ким Џонг Ун. Искуствата наведуваат на заклучокот дека американските власти веројатно нешто повеќе од севернокорејските воделе сметка за членот 51 на ОН според кој земјите членки не би смееле да користат воена сила освен во одбранбени цели.
Освен тоа во САД воената власт не е на ист начин концентрирана во рацете на едно лице, како што е тоа случај со Северна Кореја.
Колку нападите би биле успешни?
Пред да стигнат до американскиот брег, корејските проектили прво би морале да ја надлетаат јапонската морнарица која има одбранбени ракети.
Кога проредени би се приближиле на САД, таму би ги дочекал американски одбранбен огнен ѕид т.н. Ground-based Midcourse Defense system. Според некои пишувања, САД имаат дури 30 проектили пресретнувачи само на Аљаска и непознат број во воената база Ванденберг во Калифорнија.
Прашање е колку тие пресретнувачи би биле успешни. Според пишувањето на „Лос Анџелес Тајмс”, тестирањето на еден од нив во 2016 година, не било толку успешно како што се прикажува.
Каква штета би предизвикале нападите?
Во некои свои пропагандни вести севернокорејската телевизија веќе проценила дека главните цели во САД можат да бидат Сан Диего, Вашингтон, Хаваи и Остин.
Што ако Северна Кореја детонира борба во вселената?
Некои американски републикански политичари, но и многу медиуми во САД предупредуваат дека Ким може да се одлучи за разорен напад со електромагнетски пулс (EMP). Според пишувањето на некои од нив, таквиот напад може да ги спржи сите електронски печатени плочки, од тие во телефоните до тие во автомобилите и авионите, па дури и да го сруши електричното снабдување и така да ги парализира САД. Идејата е дека Северна Кореја би детонирала нуклеарна бомба високо во атмосферата над американското тло и дека таква експлозија би предизвиката EMP.
Американскиот експерт за оружје Џери Луис за „New Scientist” објасни дека таквата идеја всушност е научна фантастика.
Фактот дека нуклеарната експлозија може да предизвика EMP-a кои можат да влијаат на електричните системи. Тоа го потврди тестирањето на Starfish Prime кои САД ги спроевеле над Тихиот океан во 1962 година. Американската војска на висина од 400 км детонирала нуклеарна бомба со сила до 1,5 мегатони TNT, сто пати посилна од таа која е фрлена на Нагасаки.
Но, сите тие кои се надевале дека експлозијата може да ги елиминира советските радарски и радио системи, многу се разочарале. Најсилниот ефект на овие експлозии беше визуелниот, пишувуа Index.hr.
Меѓутоа во текот на годините, како што обично се случува, приказната за експериментот Starfish Prime се претвори во урбана легенда за тоа дека експлозијата го изгасила уличното осветлување на површина од неколку милиони квадратни километри над Тихиот океан, како и радијските станици, автомобили… Но, тоа не е вистина. Единствена последица од експлозијата на тлото на Хаваи била гаснење на еден ред на улично осветлување во Хонолулу. Дури, се уште нема јасна потврда дека тоа гаснење било предизвикано токму од ЕМР. Една комисија која ја основал Американскиот конгрес ги тестирала во лабораторија можните ефекти на ЕМР, на 55 возила. Резултатите покажале дека сите возила освен шест, продолжиле нормално да работат дури и при највисоки нивоа на ЕМР.