Најмалку 13 цивили меѓу кои жени и деца беа убиени во саудиски воздушни удари кои погодија станбен кварт во Сана, главен град на Јемен.Нападот беше извршен ноќеска.
Претставници на цивилната заштита помогнати од локални жители продолжуваат со спасувачки операции во обид да пронајдат преживеани под урнатините на седум куќи, јавуваат западни медиуми.
Египет потврди дека учествува во воената операција на Саудиска Арабија врз шиитски бунтовници во Јемен.
– Во моментот се извршува координација со Саудиска Арабија и држави од Персискиот залив за да биде подготвено учество на ВВС и ВМС како и копнени во рамки на коалицијата, се вели во соопштение на египетското МНР.