Човекот кој го нападна сопругот на Ненси Пелоси со чекан е осуден на 30 години затвор

Од:

Човекот кој во 2022 година со чекан го нападна Пол Пелоси, сопругот на поранешната претседателка на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, е осуден на 30 години затвор, објавија федералните обвинители.

Дејвид Депаjп во сведочењето на судењето рече дека неговата намера била да го земе Пелоси како заложник.

Поротата го прогласи Депаjп за виновен во ноември за обид за киднапирање на федерален вработен и напад на член на неговото потесно семејство, објави Ројтерс.

Обвинителите побараа од окружниот судија во федералниот суд во Сан Франциско да го осуди Депаjп, канадски државјанин кој илегално живее во САД, на затворска казна до 40 години.

Депаjп сè уште се соочува со други одделни обвиненија за кражба и напад, вклучително и обид за убиство на Пелоси, за што може да биде осуден на 13 години до доживотен затвор.

Пол Пелоси (82) при нападот се здобил со фрактура на черепот и други повреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објавено видео од нападот на сопругот на Ненси Пелоси

Горан Наумовски

Напаѓачот на сопругот на Пелоси имал и други цели, меѓу кои и синот на Бајден, Том Хенкс…

Горан Наумовски

Пол Пелоси пуштен од болница откако беше нападнат во неговиот дом

А1он