Чое: Ќе има последици ако САД не го сменат ставот за Северна Кореја

Од:

Заменикот на министерот за надворешни работи на Северна Кореја Чое Сон Хуи изјави денеска дека САД ќе се соочат со „несакани последици“ доколку не заземат нова позиција во разговорите за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров до крајот на годината.

Изјавата на Чое претставува одговор на минатонеделното интервју на американскиот државен секретар Мајк Помпео кој рече дека САД ќе мораат да го сменат ставот ако не успеат преговорите со Пјонгјанг.

– Промена на став не е привилегија која ја имаат САД, туку може да биде и наш избор, ако така одлучиме. Го знаеме патот по кој ќе тргнеме, но се двоумиме поради рокот кој го дадовме, вели тој.

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун како краен рок го одреди крајот на годината за да покаже повеќе флексибилност, откако не успеа вториот самит со американскиот претседател Доналд Трамп.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски