Членовите на новата шпанска Влада положија заклетва

Од:

Членовите на новата шпанска Влада денеска на церемонија во кралската резиденција „Сарсуела” положија свечена заклетва пред кралот Фелипе Шести, јави ТАСС.

Вчера премиерот Маријано Рахој го објави составот на неговиот нов кабинет, во кој има пет жени – една повеќе од 2011 година. Освен тоа, во владиниот тим има шест нови лица. Рахој ги смени министрите за внатрешни, надворешни работи и за одбраната.

Втор човек во кабинетот ќе остане Сораја Саенс де Сантамарија.

Шеф на дипломатијата е Алфонсо Дастис Кеседо, поранешен постојан претставник на Шпанија во ЕУ. Нов министер за внатрешни работи пак, е Хуан Игнасио Соидо Алварес, кој до 2015 беше градоначалник на Севиља. За министер за одбрана е назначена Марија Гарсија, досегашен генерален секретар на владејачката Народна партија на Рахој.

На 29 октомври Долниот дом на шпанскиот Парламент на второто гласање ја потврди кандидатурата на Рахој за премиер.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата