Членка на руската панк група „Пуси Рајот“ пренесена во болница

Од:

Надежда Толоконикова, членката на рускаата панк група „Пуси рајот“ која отслужува двегодишна казна затвор за хулиганство, е пренесена во болница на медицински испитувања, соопшти руската Федерална служба за извршување казни.

– Толоконикова не е болна. Таа е пренесена на нејзино и на барање на адвокатот во затворската болница со цел да и бидат извршени медицински испитувања, изјави претставник на Службата.

Екатерина Самуцевич, друга членка на групата која беше ослободена во октомври, изјави пред рускатa телевизија „Дожд“ дека Толоконикова веќе подолго време страда од главоболка, што  може да е последица од тешко заболување.

Во февруари минатата година двете девојки и нивната партнерка од групата „Пуси Рајот“ Марија Алохина влегоа во московската црква „Христос Спасител“, каде изведоа панк молитва со повик кон Богородица да ги „спаси“ од претседателот Владимир Путин.

Во август трите беа осудени во Москва на двегодишен затвор за хулиганство, мотивирано од религиозна одмазда. Апелациониот суд ја промени пресудата на Самуцевич во условна и таа беше пуштена на слобода.

Би можело да ве интересира

Путин: Нема да дозволиме Киев да стане нуклеарна сила

А1он

Поранешен шеф на МИ-6 тврди: Европа е во војна со Русија

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети