Член на „Исламската држава“ уапсен во Германија

Од:

ерманската полиција уапсила член на терористичката „Исламска држава“ во градот Бибераш во покраината Баден Виртенберг. Според локалните медиуми уапсениот е сириски државјанин на возраст од 23 години, пренесува дописникот на МИА од Берлин.

Сириецот се осомничен дека во 2013 година заминал во Сирија каде што се борел во редовите на ИД по што пристигнал во Германија. Германското јавно обвинителство не открива дали Сириецит со име Емад А. во Германија влегол како бегалец или искористил друг начин за влез во земјата.

Веста за апсењето на Сириецот доаѓа еден ден откако вчера германските власти објавија дека е уапсен војник на германската армија кој што планнирал напади врз мигранти а самиот бил пријавен како барател на азил со лажни документи.

Според германските служби за безбедност, над 800 германски граѓани и лица со регулиран престој во земјата досега заминале да се борат во ИД и други воени формации во Сирија и Ирак во последниве 5 години. Над 220 од нив веќе се вратени во Германија и претставуваат потенцијална опасност за германскиот јавен ред и мир.

Би можело да ве интересира

Социјалдемократската партија на Германија го предложи Шолц за кандидат за канцелар

Захарова ја обвини Германија дека ја препишува историјата во корист на Третиот рајх

Горан Наумовски

Германија составува список на бункери за итни засолништа за цивили, соопшти Берлин

Горан Наумовски

Шпигел: Пратениците на СПД не го сакаат Шолц за кандидат за канцелар туку Писториус

Захарова ја повика Германија да го укине статусот на почесен граѓанин на нацистите

Горан Наумовски

Германија има хроничен недостиг од возачи на камиони: „Ни требаат уште 100.000“