Чистка во Анкара: Ердоган ги смени клучните министри

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ги смени министрите за правда и за внатрешни работи, во ненадејна реконструкција на владата.

Во Службениот весник е објавено дека главниот обвинител на Истанбул, Акин Гурлек, ќе биде нов министер за правда и ќе го замени Јилмаз Тунџ, додека Мустафа Чифтчи, гувернер на источната провинција Ерзурум, е именуван за министер за внатрешни работи на местото на Али Јерликаја.

Не е наведено која е причината за смените, а во Службениот весник пишува дека Тунџ и Јерликаја „побарале да бидат ослободени од должноста“.

Промените се случуваат во време кога Турција ги разгледува можните уставни реформи и „контактите“ со милитантната Работничка партија на Курдистан (ПКК) со цел прекинување на повеќедеценискиот судир. Се очекува парламентот да ги усвои реформите за да се поддржи тој процес.

Именувањето на Гурлек се смета за контроверзно, коментираат светските агенции Поранешниот обвинител водеше судења кои привлекоа големо внимание против неколку членови на главната опозициска партија, Републиканската народна партија (ЦХП).

Десетици функционери од општините на чие чело се членови на ЦХП се уапсени во истраги за корупција. Меѓу нив е и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој се смета за главен ривал на Ердоган, а беше уапсен минатата година.

Критичарите тврдат дека тие судски процеси се политички мотивирани, додека владата инсистира дека судството дејствува независно.

Би можело да ве интересира

Турски државјанин шверцуваше мигранти со возило

ВИДЕО: Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул

Катерина Ѓуровски

Турски инфлуенсер e ставен на црна листа на авиокомпанија откако запали цигара во авион

А1он

Турција разби шпионска мрежа, уапсени шест лица

Ердоган ги нарече Курдите браќа

Фидан: Турција се противи на насилство врз Иран, дијалогот е единствениот пат