Чилеанскиот Врховен суд прв пат ги призна пропустите во однос на жртвите на диктатурата на Аугусто Пиноче, но не побара простување.
Претседателот на Судот, Рубен Бајестерос изјави дека судиите заклучиле дека е време да ги признаат сериозните пропусти, извршени во тој период.
Неколку денови пред 40-годишнината од воениот преврат, со кој беше соборена социјалистичката влада на Салвадор Аљенде, на 11 септември 1973 година, Врховниот суд призна дека во тоа време тој практично „абдицирал од својата судска улога“.
Околу пет илјади барања за пронаоѓање и заштита на исчезнати или незаконско уапсени лица се отфрлени од чилеанските судови за време на диктатурата, со појаснување дека недостигаат информации.
Врховниот суд сепак се воздржа од барање извинување од жртвите на репресиите и нивните семејства, бидејќи судиите сметаат оти тоа треба да се стори „лично“.
Според невладините организации во периодот меѓу 1973 и 1990 година околу 3.200 лица се убиени или исчезнале во Чиле.