Чилеанската опозиција бара истрага за повредите на човековите права во време на Пиноче

Од:

Лидерот на чилеанската опозиција Мишел Башеле побара отворање на истарага за повредите на човековите права во време на воената хунта и режимот на генерал Августо Пиноче.

Во говорот во Сантјаго, таа побара крај за досегашната пракса за неказнување за времето на хунтата и на генералската власт, инсистирајќи дека Чилеанците имаат право да разберат за сето она што се случуваше во земјата во 17-те години додека војската управуваше со земјата.

На 11 септември 1973 година, чиленската армија, предводена од генерал Пиноче, тогаш началник на генералштабот, изврши воен удар со кој беше соборен од власт избраниот претседател, социјалистот Салвадор Аљенде.

Според генералскиот врв, пучот бил неопходен за да не се дозволи, Чиле да тргне по патот на Куба и да се претвори во уште една комунистичка држава во Латинска Америка.

Претседателот Аљенде се самоуби во претседателската палата Монеда во Сантјаго, откако таа беше опколена со тенкови и бомбардирана од чилеанската авијација. Според проценките што подоцна беа направени, се верува дека над три илјади луѓе се убиени, или загинале во текот на владеењето на воената хунта, а други 40 илјади дека биле жртви на насилство, меѓу кои и Мишел Башеле и нејзината мајка.

Актуелниот претседател Себастијан Пинера во говорот по повод 40 годишнината од пучот во Чиле, остро го осуди апсењето и тортурата врз луѓето, како и убивањата во време на воената власт.

Четири децении подоцна. Чиле е се уште длабоко поделено околу настаните што му претходеа на воениот удар, па тоа се огледува и во сегашните политички прилики во земјата. На следните избори, закажани за 17 ноември годинава, битката за наследник на претседателот Пинера ќе се води меѓу лидерот на левицата и опозицијата и поранешен претседател Мишел Башеле и кандидатот на десноцентристичкиот блок Евелин Матеи.

Тие двете се ќерки на двајца чилеански генерали, кои беа соседи и пријатели и кои застанаа на спротувставените страни во време на пучот и потоа. Едниот е генарал Алберто Башеле, кој му остана лојален на Аљенде, па подоцна беше уапсен, изложен на тортура и умре во заточеништво ,додека другиот генерал, Фернандо Матеи, застана на страната на пучистите и стана висок функционер на режимот на Пиноче

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени

Почина поранешниот претседател на Чиле, Себастијан Пињера