Близу една третина од 108-те чилеански општини се во вонредна состојба поради сушата, а десет од нив во северниот дел на земјата беа прогласени за реони со катастрофална состојба, соопшти чилеанската Влада.
Министерот за земјоделство Луис Мајол изјави дека поради тешката суша претседателот Себастијан Пињера ја прогласува со указ за катастрофална зона дел од северната област Кокимбо.
Со претседателскиот указ се зголемуваат субвенциите за вонредни состојби до 140 милиони долари, истакна министерот.