Чиле ја укинува целосната забрана на абортусот

Од:

Претседателот на Чиле, Мишел Башеле, соопшти дека е изготвен план за укинување на сегашната целосна забрана за абортус во оваа јужноамериканска земја, каде најголемиот број од населението се католици.

На чилеанскиот Конгрес Башеле му го понуди на разгледување и усвојување новиот законски текст, според кој се дозволува абортус во случаи на силување или кога здравјето на мајката или на детето се доведени во опасност.

Според сегашните чилеански закони, абортусот е кривично дело за што е предвидена казна затвор,до пет години. Целосната забрана, предизвика здравјето и животите на илјадници Чилеанки да бидат ризикувани, најчесто со нестручно и тајно изведените абортуси.

-Досегашната целосна криминализација на абортусот не спречи тој и понатаму да се применува илегално и во тајност, изјави Башеле, образложувајќи го новиот законски текст.

Предлогот за радикална промена околу правото на жената на абортус, се очекува да предизвика силен отпор кај моќната и влијателна католичка црква во земјата, кај конзервативците, но и кај некои партии кои се дел од владеачката коалиција на Башеле.

Целосната забрана на абортусот е воведена во 1989 година и таа е една од последните одлуки на тогашната чилеанска воена власт, предводена од генералот Аугусто Пиноче.

Во земјите од Латинска Америка прашањето на абортусот се уште предизвикува спротивставени коментари во тамошната јавност. Целосна забрана сега постои во седум држави од Централна и Јужна Америка-Салвадор,Доминиканската Република, Хаити, Никарагва, Хондурас,Суринам и Чиле.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Чиле

Силен земјотрес го погоди Чиле

Земјотрес со јачина од 5,5 степени го погоди брегот на Антофагаста во Чиле

Силен земјотрес регистриран во Чиле

Горан Наумовски

Силен земјотрес го погоди Чиле

Чиле го погоди земјотрес со јачина од 4,5 степени