Најмалку четири лица се затруени при истекување гас на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес, од кои едно лице е префрлено во болница во критична здравствена состојба.
Како што соопшти градската противпожарна служба, инцидентот се случил на Терминалот 8 на аеродромот кога дошло до истекување јаглероден диоксид од неидентификуван извор.
Во соопштение објавено преку Твитер аеродромските власти објавија дека Терминалот 8 е целосно евакуиран од патници, кои се пренасочуваат кон блискиот Терминал 7, се додека експертските екипи ги утврдуваат изворот на истекувањето на гасот како и околностите во кои дошло до инцидентот.
Извор: МИА