ВИДЕО: Четворица загинати во авионска несреќа на аеродромот „Внуково“

Од:

Четири членови на екипажот загинаа, а четворица  се повредени откако патнички авион Ту-204 денеска излета од пистата за време на слетувањето на московскиот аердром „Внуково“ и се  запали, соопшти руското Министерство за вондредни ситуации.

Министерот за вондредни ситуации Владимир Пухков изјави дека завршила спасувачката операција.

Според најновите податоци четворица членови на екипажот загинале, а четворица пилоти се повредени.

Претходно, беше соопштено дека во авионот, кој може да прими 210 патници, во моментот на несреќата имало само четири членови на екипажот и осум патници, но според последните информации во леталото биле само осумте членови на екипажот.

Авионот на руската компанија „Црвени крила“, кој се враќал од Чешка при слетувањето ја пробил заштитната ограда, застанал на автопатот во близина на  аердром „Внуково“ и се запалил.

Пожарникарите 30 минути го гаснеле огнот.

Се уште не се познати причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Големиот напад на Русија врз украинските електрани, експлозии низ целата земја

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица