Четворица загинати и 26 повредени во денешните немири во Египет

Од:

Четири лица денеска загинаа во Египет во судирите на приврзениците и противниците на соборениот египетски претседател Мохамед Морси, од кои едно во Каиро, а три северно во места од престолнината, соопштија извори од безбедносните и медицинските служби.

Како Што јавуваат француските медиуми, две лица го загубија животот во судирите во градот Калјуб, северно од Каиро, додека третото лице загинало додека бегало и паднало под воз, пренесоа француските медиуми.

Четвртата жртва им подлегнала на повредите во болница откако била ранета во престрелка во близина на централниот плоштад Тахир во Каиро, изјави заменик директорот на итната служба во египетската престонинаи, Мохамед Султан.

Тој додаде дека во насилството во текот на денешниот ден се повредени уште најмалку 26 лица.

Ова е најголемиот судир во Каиро од 16 јули, кога во текот на протест загинаа седум лица. На плоштадот Тахрир можат да се видат дамки од крв и искршено стакло, додека ранетите со мотоцикли ги носат од местото на настанот, пренесуваат агенциите.

Во Египет е напнато веќе повеќе од две недели – од кога војската го собори првиот демократски избран претседател по масовните протести на кои беше барана неговата оставка. Војската предупреди дека одлучно ќе интервенира ако има насилство.

Би можело да ве интересира

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет

Железничка несреќа во Египет, има загинати и повредени

Египет упати апел до своите авиокомпаниите: Избегнувајте го воздушниот простор на Иран утре наутро

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски