Четворица тинејџери уапсени за пожарот во исламскиот интернат во Лондон

Од:

Четворица тинејџери се уапсени денеска во Лондон, во врска со пожарот што во ноќта меѓу саботата и неделата избувна во едно исламско училиште-интернат, во британскиот главен град.

Полицијата соопшти дека се уапсени двајца млади на 17-годишна возраст и други двајца кои имаат по 18 години кои се задржани на сослушување, но засега не се даваат детали за нивниот идентитет.

Во моментот на избувнувањето на пожарот, во интернатот Дарул Улом, во југоисточен Лондон на спиење биле околу 130 машки деца, како и помошен персонал. Брзата интервенција на противпожарната единица го спречи ширењето на огнот, па во овој инцидент никој не е повреден.

Само две лица побараа лекарска помош поради проблеми со дишењето.

Во пожарот што за полицијата од почетокот беше сомнителен и за кој се веруваше дека е подметнат, зградата на интернатот претрпе само мали оштетувања.

– Имавме среќа во овој случај, затоа што огнот е забележан на самиот почеток, како и затоа што тој не успеа брзо да се раширо до интервенцијата на противпожарната единица – изјави претставник на лондонската полиција.

Тој побара од јавноста да не се прават, како што рече шпекулации и приказни за тоа кои се мотивите за пожарот во интернатот.

Полицијата сепак го засили присуството на „потенцијално ранливите локации“ во општината Бромли, каде се наоѓа интернетат Дарул Улом, како и низ другите делови на Лондон.

Медиумите и претставници на британската исламска заедница веруваат дека овој втор по ред напад со подметнување пожар, е одмазда за убиството на британскиот војник Ли Ригби, кој на 22 мај беше брутално искасапен на улица, во лондонскиот кварт Вулич, од двајца млади муслимани.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот