Четворица исчезнати по пожар на дански товарен брод

Од:

Четири лица се водат како исчезнати откако изби пожар на еден дански товарен брод во близина на брегот на Оман, соопшти денеска филијалата на данската шпедитерска група „Молер-Мерск“.

Инцидентот се случил вчера, а по пожарот евакуирани се 23 членови на екипажот и се префрлени на бродот „АЛС Церес“.

Но, огнот на товарниот брод се уште не е изгаснат и „ситуацијата е многу критична“.

Серен Тофт, претставник на фирмата „Молер-Мерск“ со седиште во Копенхаген, изјави дека денеска три бродови се пренасочени кон местото на несреќата, кои ќе помогнат во потрагата и спасувањето.

Тој додаде дека се уште не е позната причината за пожарот.

Би можело да ве интересира

Данска: Русија може да започне голема војна во Европа

Гренланд распишува општи избори: „Ќе го започнеме процесот на независност“

Никој ништо не им може на Данците – ја победија Хрватска во финалето и испишаа историја

А1он

Жесток разговор на Трамп и данската премиерка за Гренланд

А1он

Данска прати пораки до Трамп: Спремни сме да разговараме за безбедноста на Гренланд

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари