Четворица странски инженери кои работат за турската градежна компанија „Енка“ вчера беа киднапирани во југозападна Либија, соопшти портпаролот на државната електро-компанија во Либија.
Мажите, од Турција и Јужна Африка, биле заробени додека патувале од аеродромот Убари до централата која ја граделе, соопшти портпаролот.
Според други извори, тројца од киднапираните се Турци, а еден е Германец. Досега нема информации за тоа кој би можел да ги киднапира.
Енка, од друга страна, објави дека тројца турски државјани биле киднапирани, а двајца работеле во Енка. Компанијата соопшти дека го следи случајот и е во контакт со турските и либиските власти.