Четиринаесет загинати во автобуска несреќа во Пакистан

Од:

Четиринаесет лица загинаа откако денеска се преврте автобус во југозападниот дел на Пакистан поради неприлагодена брзина, соопшти полицијата.

Автобусот патувал кон јужниот пристанишен град Карачи од провинцијата Балочистан кога се се случи несреќата во градот Ласбела, изјави полицискиот службеник Имран Балоч за агенцијата ДПА..

Најмалку 10 лица, повеќето од нив во критична состојба, се на лекување во градската болница во градот.

– Бројот на загинати може да се зголеми, рече Балоч.

Лоши патишта, лошо одржувани возила и супстандарден режим за безбедност во сообраќајот предизвикуваат бројни несреќи во Пакистан. Повеќе од 5.000 луѓе годишно умираат во сообраќајни несреќи, покажуваат статистичките податоци на пакистанската Влада.

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

155 патници се спасени од воз киднапиран од пакистански сепаратисти

Вооружени напаѓачи убија седум патници во автобус во југозападен Пакистан

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски