Четири затворски чуварки бремени од ист затвореник

Од:

Четири чуварки во затвор, во Мериленд, останаа бремени од затвореникот Тејвон Вајт, водач на бандата „Семејство на црната герила“.

На Вајт тие му помагале во перење пари, препродажба и шверц на дрога. Една од вработените два пати забременила со него, додека други две го истетовитале неговото име.

Тринаесет вработени во затворот, во Мериленд, се наоѓаат по повеќемесечна истрага поради корупција и измама.

Во обвинението се наведува дека со затворот управуваат затвореници, вклучувајќи ги и членовите на Црнечкото герилско семејство.

-Ова е мој затвор. Овде јас ги повлекувам конците – се фалел Вајт преку телефонот кој се прислушкува.

ФБИ упати остри критики до управата на затворот, во кој затворениците користеле прокриумчарени телефони преку кои продолжувале да си ја вршат работата.

Федералното биро наведе дека 15 чувари, седум затвореници и пет членови на бандата се обвинети за соработка.

Затворениците во Мериленд им купувале скапи подароци на чуварите, за помошта што ја добивале.

Црнечкото герилско семејство е основано во шеесетите години во Калифорнија, од каде што се проширило низ целата држава. Членови на бандата од 1990 година се во затворите во Мериленд.

Според некои податоци, дури 60 проценти од вработените во затворот во Мериленд се жени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Гејтс донираше огромна сума пари за Камала Харис, истото го направија и други американски милијардери

Горан Наумовски

ВИДЕО: Масакр кај Сиетл,15-годишник уби петмина

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Се урна хеликоптер, неколкумина загинати, меѓу кои и дете

А1он

САД се загрижени се можното присуство на севернокорејски војници во Украина

Несреќа во САД: Се урна пристаниште, најмалку седум загинати

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа