Четири лица загинаа во рускиот напад на Одеса, меѓу кои и 10-годишно девојче

Од:

Четири лица, меѓу кои и 10-годишно девојче, загинаа во руски ракетен напад врз областа Одеса, а уште седум лица се повредени, објави гувернерот на областа Одеса, Олег Кипер.

„Русија го нападна регионот Одеса со балистички ракети „Искандер-М“ од 18:30 до 18:30 часот по локално време“, изјави Кипер без да прецизира колку проектили го погодиле регионот, пренесува Киев Индипендент.

Меѓу повредените има и маж во тешка состојба на кој му се ампутирани долните екстремитети. Според Кипер, во нападот била оштетена транспортната инфраструктура и камионите.

Би можело да ве интересира

Руски проектили ја погодија железничката инфраструктура во Харков, најмалку една жртва

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива