Четири лица, меѓу кои две деца, загинаа во експлозија во Чеченија

Од:

Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои две деца, во експлозија на бензинска пумпа во Чеченија.

„Експлозија на резервоар за гас предизвика пожар на станица во Грозни“, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Како што се додава во соопштението, пожарот е изгаснат.

Според видеото што го објави Министерството, од експлозијата целосно е уништена бензинската пумпа. Интервенирале повеќе од 30 пожарникари и спасувачи со седум возила.

Грозни е главен град на Чеченија и се наоѓа на околу 1.500 километри јужно од Москва.

Регионалните власти објавија дека е покрената истрага.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Експлозија во тунел, има мртви, луѓето се заробени

Експлозија во семеен дом во Скопје, малолетник со изгореници завршиле во болница

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

(ВИДЕО) Експлозија во трговски центар во Кина – ранети лежат на улица

А1он

CBS: 11 мртви, повеќе од 300.000 евакуирани во пожарите во Лос Анџелес

ФБИ ја истражува поврзаноста помеѓу експлозијата во Лас Вегас и нападот во Њу Орлеанс