Четири ЕУ членки бараат построги мерки против миграцијата

Од:

Австрија, Велика Британија, Холандија и Германија упатија барање до европската Унија да ги засили мерките против миграцијата.

Четирите земји тврдат дека не се почитуваат правилата за имиграција исто како и санкциите, така што се разнишува довербата на земјите домаќини во правото на слободно движење.

– Точно е дека лицата кои извршиле измама или злоупотреба на правилата за слобода на движењето, во принцип можат да бидат протерани. Но начинот на кои правилата се формулирани значи дека не може да биде истовремено забрането повторно да влезат во земјата, наведоа земјите во писмото до ЕУ.

Тие бараат за тој проблем да се расправа на состанокот на министрите за правда и внатрешни работи во јуни.

Би можело да ве интересира

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија