Честитки од САД за новиот премиер на Пакистан, Шариф

Од:

САД синоќа му честитаа на новиот пакистански премиер Шахбаз Шариф и ветија продолжување на соработката. САД сметаат дека силен, просперитетен и демократски Пакистан е важен за интересите на нашите две земји, истакна американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Шариф (70), претседател на Пакистанската муслиманска лига (ПМЛ-Н) и помлад брат на поранешниот премиер Наваз Шариф, на 11 април беше избран за премиер на парламентарната седница што беше бојкотирана од опозицијата.

Тој доаѓа на местото на Имран Кан (69), на кого му беше изгласана недоверба.

Кан повеќе пати истакна дека е жртва на „промена на режимот“ организирана од САД со помош на опозицијата, поради неговите критики на американската политика во Ирак и во Авганистан.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Родители осудени на доживотен затвор, ја убија ќерката затоа што одби договорен брак

А1он

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина