Чешкиот премиер од ЕУ бара стратегија за Западен Балкан

Од:

Чешкиот премиер Андреј Бабиш предупреди денеска дека Европа мора да го дефинира просторот во кој ги почитува своите вредности што е можно поскоро, а во него и јасна стратегија за Западен Балкан, а со цел да не наметнат влијание други светски сили чии интереси не се исти.

– Потребна ни е јасна стратегија за Западен Балкан, бидејќи ако го немаме, Западен Балкан ќе биде под влијание на други светски сили кои имаат други интереси, различни од нашите, нагласи Бабиш во Прага на конференцијата „Нашата сигурност не се подразбира сама по себе”,

Чешкиот премиер потсети дека неговата држава е шестата најбезбедна земја во светот, а Европа е најдолг период најбезбеден регион, но дека ЕУ мора да изготви стратегија, со цел така и да остане.

-Ние треба да дефинираме простор во кој ќе го браниме нашиот европски континент. Потребно ни е повеќе да разговараме за Шенген и помалку за еврото. Потребо е да го забрзаме пристапот во Шенген за Хрватска, Бугарија и Романија, рече Бабиш на конференцијата за безбедност Чешка.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он