Советот за безбедност на Република Чешка вечерва ќе ја испитува својата способност за помош на соседите, во случај на проблеми со испораката на гас преку Украина, јави дописникот на МИА од Прага.
– Ние треба да бидеме способни за максимална солидарност со другите земји во регионот, особено кога станува збор за Словачка и Унгарија. Овие држави на испораките со гас преку Украина се високо зависни, изјави денеска премиерот Бохуслав Соботка.
Соботка додаде дека за разлика од некои земји-членки на Вишеградската четворка, В4 (Унгарија, Чешка, Словачка и Унгарија), Чешка е подготвена доколку се појават проблеми при снабдување со гас преку Украина,
Рускиот претседател Владимир Путин, минатата недела, предупреди дека од јуни ќе ја запре испораката на гас во Европа, ако Украина не го плати долгот кој го има за досега потрошениот руски гас.