Хајат Бумејиден, која е осомничена дека е соработничка на извршителите на нападите во Париз, на 8 јануари ја преминала границата од Турција во Сирија, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
Во изјава за Анадолија, Чавушоглу прецизираше дека осомничената пристигнала од Мадрид на аеродромот во Истанбул на 2 јануари и таму отседнала во хотел.
Инаку, нејзин сосед од Париз, денеска за Си-Ен-Ен изјави дека Бумедијен секогаш била „фина и културна, секогаш со бурка и често се возела на скутер со нејзиниот партнер Амеди Кулибали.
Во меѓувреме, францускиот весник „Ле Монд“, објави фотографија на која тврди дека е осомничената во 2010 година како стрела од огнено оружје.