Турција смета дека предлогот на Германија за воспоставување меѓународна „безбедна зона“ во североисточна Сирија не е реален, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
На заедничката прес-конференција со германскиот колега Хајко Маас, Чавушоглу рече дека Турција нема да толерира какви било прекршувања на човековите права во североисточна Сирија и ќе ги испита сите наводи за таквите тврдења.
Европратениците во четвртокот остро ја осудија едностраната турска воена интервенција во североисточна Сирија и ја повикаа Турција да ги повлече сите свои сили од сириската територија.
Во Резолуцијата се предупредува дека интервенцијата на Турција во североисточна Сирија е сериозно кршење на меѓународното право и ја поткопува стабилноста и безбедноста на регионот како целина.
Од почетокот на турската интервенција, освен голем број цивилни и воени жртви, раселени се најмалку 300.000 луѓе, покажуваат податоците на ОН, се наведува во Резолуцијата.
Европратениците вршат притисок за формирање на безбедносна зона во северна Сирија, под покровителство на ОН.